Вештерки од целиот свет, меѓу кои и пејачката Лана дел Реј, разгласија дека во петокот што помина ќе се соберат под српестата месечина за да му направат магија на американскиот претседател Доналд Трамп, но пред неговата кула во Њујорк имаше само неколку самонаречени вештерки, кои и не изгледаа толку вешти во тој занает.

Имено, неколку жени запеаја и запалија свеќи со надеж да го спречат Доналд Трамп да прави лошотии и „да претрпи целосен неуспех и да не направи лошо на ниедна човечка душа“. Втората варијанта на нивниот напев беше посилна: „да не ни ја уништи државата, да не ја узурпира слободата, на не ни ги полни умовите со омраза, збунетост, страв и очај.“

Макар што сеансата во Њујорк не одговори на очекувањата, социјалните медиуми беа преполни со снимки од вештерките во акција, при што многу од нив беа пуштени со хаштаг #bindtrump (да го врземе Трамп) и #feb24.

Било закажано магиите да се повторат и на 26 март, 24 април и 23 мај. Целта, како што велат, не е да се повреди Трамп, туку да го спречат да направи нешто лошо, да не ги ограничува граѓанските слободи, да не им наштети на мигрантите, објаснува маѓосникот Мајкл Хјуз од Балтимор.

Пејачката Лана дел Реј се вклучи во иницијативата, повикувајќи ги своите следбеници на Твитер да направат магија против Доналд Трамп. „На полноќ на 24 февруари, 26 март, 24 април, 23 мај…потребните состојки можете да ги најдете на интернет“, вели таа, споделувајќи упатства за тоа како се прави магија за врзување на силата. Имено, за магијата е потребна слика на личноста на која ѝ се прави магија. На сликата личноста треба да изгледа лошо, потоа мала портокалова свеќа, тарот карта, вода и сол, како и шајка со која на свеќата се запишува името на човекот на кој му се прави магија.

Сподели на Facebook
пати видено