Жена од Флорида тврди дека нејзиниот љубовник ја нападнал удирајќи ја со вибратор кога таа ја искритикувала неговата потенција во кревет. 42-годишниот Ерик Прич и 58-годишната Карол Фавуза и двајцата биле под влијание на алкохол за време на нивната караница во нивниот дом во Стјуарт, Флорида. Фавуза изјавила за полицијата дека за време на сексуален однос му кажала на љубовникот „Ти не си маж, ти си глушец“.
Тогаш Прич ја удрил со тупаница по лицето, ја гризнал по рака и неколку пати силно ја удрил со пластичен вибратор. Флавуза потоа го пријавила инцидентот на полицаец, кој кога го почувствувал нејзиниот пијан здив, како и отокот на лицето, ја одвел во болница, каде што била задржана поради „високо ниво на интоксикација“.