Доколку се мачите да се расоните наутро и ви е потребно двојно еспресо пак да се почувствувате како човек, еден многу едноставен трик ќе ви ја поткрене енергијата. Се работи за еден едноставен трик при туширањето кој прави чуда. Според експертите, и покрај тоа што се тушираме секое утро, повеќето од нас тоа го прават погрешно. Постои еден едноставен трик од 90 секунди во кој Викторија Бекам се колне.
Ако си мислите дека топлиот туш ве подготвува за претстојниот напорен ден, размислете повторно. Наместо тоа, топлата вода повторно ви го заспива телото. Имено, кога по топлиот туш ќе почувствуваме постуден воздух на нашата кожа, драстичната температурна промена делува смирувачки врз мозокот и телото, што практично ве прави сонливи. Наместо тоа, вашиот ритуал би требало да изгледа вака:
Првин триесет секунди се полевате со студена вода, потоа триесет секунди со жешка, за последните триесет секунди пак да се исплакните со студена вода, најстудена што можете да издржите. Можеби е непријатно, но ова ги отвара капиларите и ја подобрува циркулацијата, стимулирајќи ви ги телото и умот.
Покрај тоа, овој начин на туширање го намалува и стресто бидејќи ви го поткрева нивото на толеранција, ви го поттикнува имунитетскиот систем бидејќи се создаваат повеќе бели крвни клетки и ви помогнува побрзо и полесно да ги согорувате калориите. И како сето ова да не е доволно, овој трик, во кој Викторија Бекам се колне, исто така има и антидепресивен ефект бидејќи праќа интензивни електрични импулси до вашиот мозок.