7 совети од бразилскиот доктор-легенда Драузио Варела. Ви го претставуваме искуството и мудроста на славниот Бразилец во седум животни максими.
Наоѓајте решенија
Секој човек кој е оптоварен со негативизам во мислите постојано наидува на нови и нови проблеми и не наоѓа решение за нив. Овој вид луѓе се подложни на озборувања, песимизам и кукање. Запомнете дека наместо да жалите за мракот наоколу, подобро е да запалите чкорче кибрит. Еве на пример пчелата – таа е толку мала, но пак произведува едно од најполезните и најслатки нешта во светот. Секоја негативна мисла по себе води негативна енергија која на крај се претвора во болест! Ние сме тоа што мислиме.
Донесувајте решенија
Длабоко во себе ској нерешителен маж или жена останува во состојба на постојан немир, целосна растревоженост и сомнежи. Агресиите, вознемиреноста и проблемите се насобираат со човечката нерешителност. Имено, секој си ја пишува својата лична животна историја со решенијата кои ги презема. А способноста да донесувате решенија е голема предност во животот. Луѓето кои се нерешителни често имаат нервни проблеми, проблеми со кожата и стомакот.
Немојте да го живеете својот живот тажни
Долг живот носат смеата, среќата, добриот хумор и одморот. Овие состојби на духот го возобнуваат здравјето. Секој човек кој е среќен има дарба да го подобрува местото во кое живее. Знајте дека од рацете на докторот ве спасува добриот хумор, а среќата е терапија и здравје.
Не живејте според вашиот надворешен изглед
Не кријте го тоа што сте, не се преправајте, не позирајте и не создавајте си лажна претстава за себеси дека сте совршени. На тој начин насобирате тони тежина во вас. Зар сакате да сте како бронзена статуа на глинени нозе? Нема ништо што е повеќе погубно за човечкото здравје од тоа да живеете зад маски, фасади и потчинети на вашиот надворешен изглед. Ова ќе ве одведе директно во болница и во аптека, а болката ќе ви стане постојана сопатничка.
Прифаќајте
Недостатокот на самодоверба и несакањето да ги прифатите другите ве отуѓува од луѓето. Во основата на здравословниот и целосниот живот е да сме едно со себеси. Ако не го прифатите ова, ризикувате да се претворите во деструктивни, завидливи, имитативни, љубоморни и нарцисоидни луѓе. Прифаќајте критики и прифатете да бидете прифатени. Знајте дека тоа е терапија, мудрост и здрав разум.
Искажувајте ги чувствата
Не штедете ги чувствата и емоциите, во спротивно ќе си навлечете болести ако гастритис, проблеми во грбот, вратот, а потиснувањето на чувствата со тек на време може да доведе и до рак! Дури тогаш ќе појдете кај специјалист да ги споделите вашите грешки, вашите „тајни“. А всушност, најдобра превентивна терапија и силен лек е разговорот, дијалогот, зборот!
Верувајте
Човек не може да создаде стабилно пријателство ако не комуницира, ако не се доверува, не создава стабилни и длабоки врски. Недовербата е липса на верба и во вас самите. Без доверба не може да постои никаков взаемен однос.