Еден човек се обидел да украде 7 милијарди долари бидејќи Исус сакал тој да биде богат. Џон Мајкл Хескју од Лејкленд, Флорида, вели дека Господ бил на негова страна кога незаконски префрлил 7 милијарди долари преку 70 трансфери на 9 и 10 декември минатата година.
Не се соопштуваат повеќе детали за тоа како успеал да ја изведе измамата, но иследниците велат дека Хескју се фалел дека бил „самоук во банкарската индустрија“ и преку експерименти открил како да изведува префрлања на пари од една на друга сметка. Наводно тој е невработен ѝ и должи пари на државата. За ова би можел да добие до пет години затвор и парична казна од 250 000 долари.