Луѓето кои ги имаат сите свои заби до нивната 74. година имаат повеќе шанси да доживеат сто години, сметаат експертите. Оние кои изгубиле пет или повеќе заби до нивната 65. година веројатно ќе страдаат од сериозни здравствени проблеми, вклучително и кардиовасккуларни болести, дијабетес и остеопороза, што наголемо може да влијае врз должината на животот. Сите овие болести се поврзани и со квалитетот на животот на поединецот, социо-економскиот статус, но и стресот.

zb01

„Луѓето можат да ги изгубат забите како последица на стресни ситуации и трауми, лоша орална хигиена, воспалителни болести на непцата или пушење, а сето тоа може да биде поврзано со срцеви заболувања и дијабетес“, изјавил д-р Најџел Картер од организацијата Орал Хелт.

Според истражувањата, губењето на забите всушност претставува показател на лош квалитет на животот на тој човек и на зголемен ризик за појава на здравствени проблеми како последица на тоа, додава Ксртер.

„Тоа што ни се случува во устата очигледно е полезен увид во нашето севкупно здравје. Затоа е неопходно за оралната хигиена да се грижиме соодветно и да обрнуваме внимание што ни се случува со непцата и забите, бидејќи тоа може да биде знак за нешто сериозно“, вели тој.

Експертите истакнуваат дека забите треба да ги миеме двапати дневно, наутро и навечер, со паста со флуорид, да се намали количеството на шеќер и слатки питија и редновно да се посетува забар.

Сподели на Facebook
пати видено