Мачка бегалец упаднала во холандска продавница за миленичиња и започнала да се дрогира со производи кои содржат т.н. мачешка трева. Овие производи ги доведуваат мачките во еуфорија. Инцидентот се случил во продавницата „Петс плејс“ во градот Зволе, во централниот дел на земјата.

Животното било снимено како тркала среде производите кои ги соборило од полиците. Мачката била видно издрогирана. „Мачешката трева“ е од семејството на нане кое врз мачките делува како ЛСД.

Сподели на Facebook
пати видено