На 5. декември, во резерватот Понгола, Јужна Африка, се случи нешто навистина ретко – 31-годишна слоница од резерватот роди слончиња близнаци. Веројатноста да се случи вакво нешто кај слоновите е еднаква на 1%, а изгледите да преживеат до зрелоста се дури помали и од тоа. Затоа луѓето од резерватот планираат да ги надгледуваат малечките, истовремено внимавајќи на мајка им да ѝ остават неопходен простор за да може да се грижи за нив и да ги одгледува.

sl01

Сега за сега, слончињата се секогаш покрај нивната мајка.

sl02

sl03

Д-р Иан Вајт, специјалист за слонови, вели дека на слоницата ѝ е потребна околина без стрес за да успее да се справи и да ја преживее оваа необична ситуација.

sl04

Кога мајката не може да ги задоволи зголемените потреби за млеко, каков што е овој случај, вообичаено настапува смрт на едно од слончињата. Иако е реткост да преживеат двата близнаци, во еден друг случај, исто така во Јужна Африка, слончињата близнаци успеале да го преживеат периодот на доење токму поради тоа што на нив и на нивната мајка им било овозможено да живеат без стрес во тој критичен период.

sl05

Сподели на Facebook
пати видено