На една жена ѝ било одбиено и второто барање за швајцарски пасош поради тоа што локалните жители се навредиле од нејзиното отфрлање на нивните традиции и нејзините „досадни“ кампањи. 42-годишната Ненси Холтен, која е родена во Холандија, се преселила во Швајцарија кога имала осум години. Течно го зборува швајцарскиот германски и нејзините деца имаат швајцарско државјанство.

cb01

Оваа активистка за правата на животните водела јавни кампањи против локалната традиција да се ставаат ѕвонци околу вратот на кравите, како и против организирањето на трки со прасиња. Во нејзиното село кое се наоѓа во кантонот Аргау, веганката г-ѓа Холтен ги надразнила локалните жители со своите интервјуа за медиумите во кои ги изнесувала своите гледишта за правата на животните.

„Звукот кој ѕвонците го прават изнесува сто децибели, кое еднакво на силината на звукот на пневматска дупчалка. И ние не би сакале такво нешто да ни виси во близина на ушите“, изјавила таа за медиумите. „Животните носат тежина од пет килограми на нивниот врат. Тоа создава триење и им ја подгорува кожата.“

cb02

Според швајцарските закони, локалните жители имаат право да одлучат на кого ќе му се издаде швајцарски пасош. Холтен својот прв обид за натурализација го направила во 2015, кој ѝ бил одобрен од страна на властите, но одбиен од 144 од 206-те жители.

„Мислам дека бев премногу остра и премногу често го искажував своето мислење“, изјавила Холтен во врска со ова, додавајќи дека немала намера да ги нападне швајцарските традиции, туку дека едноставно се грижела за доброто на животните. Таа вели дека Швајцарија е нејзин дом и мсто каде што живеат и работат сите нејзини роднини и пријатели

Тања Сутер, претседател на локалната Швајцарска народна партија, изјавила дека г-ѓа Холтен има „голема уста“ и дека локалните жители нема да ѝ подарат државјанство ако таа „продолжи да нѐ нервира и да не ги почитува нашите традиции.“

Сподели на Facebook
пати видено