Поточно кажано, херпес има нешто повеќе од половина од светското население. Во текот на минатата година Светската здравствена организација објави две статии кои се осврнуваат на распространетоста на херпесот низ целиот свет. Студијата на Светската здравствена организација ги ползува најновите проценки направени во 2012 година и ова е прв обид да се пресмета и идентификува преовладувањето на херпесот во глобални размери. Тоа што го откриле дека херпесот го има насекаде и погодува голем број луѓе.

hr

Херпесот го предизвикуваат два сродни и неизлечиви вируси, херпес вирус симплекс 1 (HSV-1) и херпес вирус симплекс 2 (HSV-2). HSV-1, кој најчесто се поврзува со плускавичните инфекции на устата и од кои се инфицирани 3,7 милијарди луѓе ширум светот на возраст помлада од 50 години – тоа се запрепастувачки две третини од светското население во таа возрасна група.

Истражувањето на Светската здравствена организација утврдило дека 140 милиони луѓе имаат HSV-1 инфекција на гениталиите, што говори за биокултурната еволуција на овој вирус од штетник кој се сместува над половината на телото до таков кој минал и во пределот под половината, што се должи на почестото практикување на орален секс меѓу луѓето во нивната младост.

HSV-2, кој вообичаено ги инфицира гениталиите и анусот најчесто се пренесува преку сексуалниот чин, инфицира 400 милиони луѓе на возраст под 50 години. Истражувањето на Светската здравствена организација покажува дека секоја година се инфицираат нови 19 милиони луѓе.

И покрај поразителната присутност, на херпесот не се обрнува многу внимание од јавноста како што е случајот со другите чести болести како грипот, Алцхајмеровата болест и дијабетесот. Херпесот ретко убива, најчесто предизвикувајќи болна непријатност на кожна инфекција, но сепак главно е стигматизиран поради неговата поврзаност со сексот. Но, херпесот сепак не може јасно да се категоризира како сексуално пренослива болест како гонореата и кламидијата. HSV-2 се пренесува по сексуален пат, точно, но HSV-1 најчесто се пренесува орално, најчесто преку бакнување.

Сподели на Facebook
пати видено