Маж и жена биле уапсени откако полицијата им нашла стебло марихуана – кое досетливите го украсиле како Божиќна елка. Полицајците го нашле растението на имот во Челтнам, Велика Британија. Растението било украсено со лампиони, светилки, па дури и со ангел.
Полицијата потврдила дека маж и жена биле уапсени под сомнение за одгледување канабис. Полицијата на Глостершир споделила фотографии со празничното стебло марихуана, покрај кои напишале коментар: „Ова не ви е вообичаената Божиќна елка!“
Покрај тоа, за време на рацијата заплениле и дрога и друга опрема. Парот бил пуштен на кауција до февруари, кога следуваат нови распити.