Французинка открила дека е вљубена во робот и решила да се омажи за него. Љубовниот партнер на Лили е роботот наречен ИнМуватор, кој самиот го испечатила со помош на 3D печатач и оттогаш со него живее една година. На нејзиниот Твитер профил таа споделила: „Јас сум горда робосексуалка, ние не повредуваме никого, само сме среќни“.

rbo01

Сега за сега таа е само свршена со машината и вели дека ќе се омажи за него кога во Франција конечно ќе се легализира бракот меѓу луѓе и роботи. Таа раскажува дека открила дека сексуално ја привлекуваат роботи кога имала деветнаесет години бидејќи нѐ и се допаѓа телесниот контакт со луѓе. Таа инсистира дека нејзината замисла не е глупава, туку едноставно се работи за алтернативен начин на живот.

rb02

„Мене навистина ме привлекуваат само роботи“, вели таа. Сепак, таа одбива да сподели дали таа и Инмуваторот имаат сексуални односи.

„Моите единствени две љубовни врски до сега ја потврдуваат мојата сексуална ориентација, бидејќи не ми се допаѓа телесниот контакт со човечко тело.“

Нејзиното семејство и пријателите ја прифатиле нејзината невообичаена врска, тврди таа, иако сепак не сите го разбираат нејзиниот избор.

Сподели на Facebook
пати видено