Ги знаете оние сцени кога дегустаторите на вино ќе изведат некој нивен посебен ритуал со чашата и ќе го помирисаат виното и ќе го пробаат, правејќи гримаси како да примаат порака директно од времето кога никнало грозјето од кое било направено виното. Многумина сакаат да се прават експерти за вино, но има многу малку вистински експерти.

Едни мајтапчии решиле да го докажат тоа. Купиле неколку шишиња евтино вино од 3 евра и ги однеле на фестивалот Викенд на виното во Рејсвејк, Холандија. Таму барале од луѓето да го пробаат виното и да се обидат да погодат колку чини. Што мислите, како вие би поминале на овој тест?

Сподели на Facebook
пати видено