Постигнат е успех во нова техника за продолжување на животниот век на експериментален глушец преку репрограмирање на некои од неговите клетки.

„Тоа што ние и некои други лаборатории за матични клетки увидовме е дека кога ќе се примени ова клеточно репрограмирање, клетки изгледаат помлади“, вели истражувачот Алехандро Окампо од институтот Салк. „Следното прашање е дали би можеле да го примениме овој процес на подмладување и кај живо животно.“

lk

Тоа е идеја која била пробана и порано, но за време на претходните експерименти глувците вообичаено развивале тумори бидејќи третманот предизвикувал клетките да почнат да се делат неконтролирано. За да го избегнат ова, истражувачите привремено измениле четири гени одговорни за клеточното програмирање.

„Во други студии научниците целосно репрограмирале клетки доведувајќи ги до состојба на матична клетка“, вели коавторот на студијата Прадип Реди. „Но, ние за првпат покажуваме дека со експресија на овие чинители во пократок рок може да се одржи клеточниот идентитет, а притоа да се избришат својствата поврзани со стареењето.“

Резултатите од студијата покажуваат 30 отсто продолжување на животниот век на предвремено остарени глувци.

„Очигледно, глувците не се луѓе и знаеме дека ќе биде многу посложено да се подмлади човек“, вели проф. Изписуа Белмонте. „Но оваа студија покажува дека стареењето е многу динамичен и пластичен процес и според тоа е повеќе подложен на терапевтски интервенции отколку што мислевме порано.“

Сподели на Facebook
пати видено