Закарија Сичин ја опишува Нибиру според сумерската космологија како 12-та планета. Нибиру е дом на вонземјанска раса наречена Анунаки, екстремно напредна вонземна цивилизација. Истражувачите ја разгледувале можноста за постоење на џиновска планета која има крајно чудна орбита околу сонцето. Во 2008 година јапонските истражувачи објавиле дека според нивните пресметки, би требало да има „неоткриена“ планета на оддалеченосот околу 100 астрономски единици, која е за две третини поголема од Земјата. Овие пресметки ја поддржуваат хипотезата за постоењето на Нибиру, или Планетата Х. Ви претставуваме 20 нешта кои би требало да ги знаете за мистериозната планета Нибиру.

pl02

1. Името „Нибиру“ потекнува од древните Сумерци, кои некогаш ја населувале древна Месопотамија, земја во денешен Ирак.

2. Нибиру се нарекува и Мардук и има екстремна елипсоидна орбита околу сонцето, која се движи во правец на стрелките на часовникот.

3. Според повеќе древни текстови од Месопотамија, постои силен доказ кој ја поддржува теоријата дека Нибиру има орбитален период од 3600 години. Сумерите бројот 3600 го прикажуваат како голем круг.

4. „Шар“, сумерскиот израз за планетата, исто така означува и совршен круг.

5. Луѓето кои ја поддржуваат теоријата за древните астронаути веруваат дека поклопувањето на трите концепти – планета/орбита/3600 – не може да биде случајност.

6. НАСА идентификувала планета со аномална орбита околу сонцето. Тие ја нарекуваат Планета Х. Вашингтон Пост и други новински агенции пишувале за неа почнувајќи од 1983 година. Според Вашингтон Пост: „Небесно тело, веројатно со големина на џиновската планета Јупитер и кое можеби е доволно близу до Земјата за да биде дел од Сончевиот систем, е откриено во правец на соѕвездието Орион…Сѐ што можам да ви кажам е дека не знаеме што е тоа – вели Гери Нојгебауер, главен научник на ИРАС.“

pl01

7. Р. Харингтон напишал една интересна статија за Астрономски журнал во 1988 година. Харингтон сугерирал дека постои планета која е три или четири пати поголема од змјата, наоѓајќи се на три или четири пати поголема оддалеченост од сонцето отколку Плутон. Според математичките модели, се верувало дека Планетата Х или Нибиру има крајно елипсовидна орбита од 30 степени.

8. Се верува дека оваа планета потекнува од соѕвездието Орион, минува крај нашата планета и потоа исчезнува во вселената на својот пат околу сонцето.

9. Кога се појавува во близина на Земјата, изгледа како второ сонце.

10. Нибиру е магнетска планета, предизвикувајќи придвижување на нашата планета кога минува крај неа.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено