Нишањето на дете држејќи го за раце можеби изгледа како безопасна забава, но експертите предупредуваат дека ваквата активност би можела да предизвика болни повреди. Децата на предучилишна возраст, меѓу една и четири години, имаат послаби лигаменти и коските им се помалку развиени, што значи дека тие се повеќе подложни на истегнување на лигаментите и зглобот.
Со оглед на недоразвиеноста кај малите деца, лигаментите понекогаш многу лесно се истегнуваат и кинат. Оваа повреда многу лесно може да се случи и при тегнење на децата за раце, нагло фаќање за рака и нејзино тресење, дури и ако незгодно се превртат во кревет или при пад. Иако повредата е болна, не предизвикува долготрајно оштетување, но ќе треба да ја посетите амбулантата. Затоа, лекарите ги советуваат возрасните да внимаваат како си играат со децата.
Ортопедскиот хирург Амер Кан вели: „Секое силно и ненадејно тргање на раката може да предизвика повреда на зглобовите во неа. Во моето искуство имам видено многу малку случаи на директна повреда на рамото и лактот како резултат на вртење за раце. Но, очигледно е дека родителите или негувателите мораат да покажат здрав разум и грижа кога си играат со децата.“