Родителите прават најразлични нешта да им помогнат на своите деца да добијат врвни оценки на училиште. Но, пред да ги дадете на приватни часови, првин обрнете внимание на ова: ново истражување покажува дека исхраната на детето драматично влијае врз неговиот коефициент на интелигенција.

Децата кои јадат овошје, зеленчук, риба и целозрнеста храна се покажале подобри на тестовите за разлика од нивните врсници со послаба исхрана. Овие наоди од Универзитетот на Источна Финска, немаат никаква врска со општествено-економскиот статус на децата, нивната физичка подготвеност или типот на телото. Имено, студијата посочува дека здравата исхрана влијае на мозокот на начин кој недоволно го цениме.

dc01

Во студијата биле вклучени 61 дете на возраст помеѓу шест и осум години и бил следен нивниот развој од прво до трето одделение. Квалитетот на нивната исхрана бил анализиран преку дневници за храна, а нивниот училишен успех бил анализиран со помош на стандардизирани тестови. Колку повеќе исхраната била поблиску до карактеристичната исхрана во регионот на Балтичкото Море (богата со зеленчук, овошје, риба, житарици и незаситени масти, а ретка употреба на црвено месо, шеќерни производи и заситени масти), толку се сметала за поздрава.

„Се чини дека здравата исхрана е важен чинител за училишниот успех на децата“, се вели во студијата. „Родителите и училиштата имаат важна улога во обезбедувањето на здрава храна за децата. А уште повеќе, владите и компаниите играат клучна улога во промовирањето на достапноста и поризводството на здрава храна.“

Сподели на Facebook
пати видено