Еден дедо си ја дополнува својата пензија позирајќи гол како жив модел за студентите по уметност. 75-годишниот Брус Баркер од Карфил, Јужен Велс, почнал со тоа хоби пред четири години во обид да заработи екстра пари за неговите златни години. Пензионираниот трговец – кој оди во теретана три пати неделно – објавил оглас набргу и бил преплавен со барања од инструкторите по уметност да позира гол.

st01

Сега тој се соголува два пати месечно и заработува 30-50 евра по сесија – при што понекогаш седи во незгодни пози во траење до три часа. Баркер, кој е татко на две деца вели:

st02

„Да се соблечете пред цел клас е малку застрашувачко, но по извесно време се навикнувате.Иако бев почетник, бев доста добар во тоа, бидејќи сум во мошне добра форма за моја возраст. Увидов дека можам да држам поза подолго од некои луѓе. Можете да се сосредоточите на една точка во собата – подот, прозорец или маса. Така може да издржите повеќе време, и покрај тоа што вашите мускули врескаат.

st04 st05

„Тогаш предавачот ќе каже дека е доста и заземате друга поза. Никогаш не се срамев – се чувствав како да ме ослободува. Ме возбудува тоа. И така сум еден вид натурист. Имаме затворена градина и минувам многу време без облека на себе. Мојата жена исто така сака кога го правам тоа, бидејќи и таа е уметник. Кога ѝ кажав што планирам, не знаев каква ќе биде нејзината реакција, но таа кажа: О, прекрасно. Не разговарав за тоа со моите синови и не знам каква ќе биде нивната реакција, но тоа не е важно“, вели моделот.

Сподели на Facebook
пати видено