Девојка која ја води својата трета битка со ракот се свртела кон кинеската хербална медицина и се откажала од фарбањето на косата и шминкањето во очаен обид да ја победи болеста, откако решила да одбие хируршка интервенција. Џесика Олсон од Сиднеј бил подложена на осум исцрпувачки хемотерапии, при што ги изгубила своите раскошни руси локни. Неа како петнаесетгодишна во 2011 година ѝ била дијагностицирана Хоџкинсова болест во втор степен, откако забележала грутка на вратот.
„Секогаш мислев дека рак е нешто што им се случува на старите луѓе или на луѓе кои пушат цел живот, а не на млада и здрава личност“, вели таа. До декември истата година туморот и бил отстранет, но за да биде сигурна дека е здрава, морале да минат најмалку пет години без туморот да се врати. Но четири години подоцна таа забележала друга грутка под нејзината вилица.
За жал, по прегледот и поставиле погрешна дијагноза дека сѐ е во ред и канцерогената грутка не била допрена цели пет месеци. Додека да ѝ се направи ултразвук и биопсија во април оваа година, на Олсон ѝ била соопштена поразителната вест дека има ретка форма на рак на плунковната жлезда. Олсон се подложила на операција за да ѝ се острани жлездата, соседно ткиво и 30 лимфни жлезди од вилицата откако било утврдено дека ракот се раширил.
Примила 28 дози радијација во текот на шест недели, и нејзиното семејство ја прославило втората победа врз ракот по успешната операција. Но, само три седмици по операцијата ѝ бил зададен трет удар со иста таква грутка на истото место. Ѝ било кажано дека радијацијата не успеала, поради што морала да оди на инвазивна операција за да се острани туморот.
Докторите ѝ понудиле оперативен зафат при кој нејзината вилица требало дасе искрши и да ѝ се отстрани значително ткиво и нерви на лицето кои ги контролираат нејзините усни и јазикот. Операцијата предизвикува трајно изобличување, што значи дека постоела голема можност долго време да мора да се храни и да дише преку цевки. Откако ѝ кажале дека има само 30 отсто шанси за преживување, девојката решила да не се оперира.
Оттогаш се свртела кон кинеските хербални лекарства, кон органски производи како и избегнување на било какви хемикалии на главата и лицето како боја за коса и шминка, во обид да ја победи болеста со помош на својот имунитет. Но, алтернативните методи се со голема цена, чинејќи ја до 4000 долари месечно, поради што нејзините родители покренале кампања за собирање донации.