Мајка со прекумерна тежина ослабела близу 40 килограми така што создала онлајн дневник на исхрана на Инстаграм на кој споделувала сѐ што планирала да јаде. 27-годишната Кери Свифт трошела и по 30 евра дневно на брза храна заедно со нејзиниот маж електричар и набргу се здебелила до морбидни размери.
Но, чувствувајќи се понижено кога се видела на сликите од крштевањето на нејзиниот син Оливер, таа решила да го документира секој свој оброк како инспирација да се придржува до здрава исхрана.
Нејзиниот Инстаграм профил сега има над 16 000 следбеници и таа успеала да ја постигне својата цел за само 19 месеци. Кери вели:
„Видов дека други луѓе го користат Инстаграм како дневник за исхрана и си помислив дека на тој начин ќе ја зголемам својата одговорност кон тоа што јадам, како и да добијам идеи за различни оброци. Прекрасно е да се види дека инспирирам други луѓе и тоа дефинитивно ми помогна да се вратам во колосек.“