Студентка вели дека ѝ било кажано дека е предебела за да може да посвои деца. Зои Јанг, која тежи 122 килограми, го обвинува советот на Салфорд за дискриминација. Од градското собрание имаат очајна потреба за родители кои би посвоиле деца и редовно објавуваат апели и рекламни кампањи во врска со тоа. Но, омажената Зои тврди дека по месеци состаноци со одговорните за посвојување во градот сега ѝ е кажано дека е несоодветна поради нејзината тежина.

ps01

Од совеетот на Салфорд инсистираат дека прифаќаат посвоители „во сите облици и големини“, но сепак ја проценуваат соодветноста на кандитатите врз основа на нивното здравје, при што прекумерната тежина исто така може да биде чинител.

Но, Зои не се согласува со тоа. „Можете да посвоите и ако сте самец и без оглед на вашата сексуалност, тогаш зошто не ми дозволувате мене поради мојата тежина, мислам дека неправедно дискриминирате. Мојот сопруг Тим и јас имавме сосотанок со претставници на советот минатата година за да дискутираме за можноста да станеме посвоители. Во тоа време закрепнував од пробиено црево. Советот ми кажа да се јавам штом ќе станам повеќе подвижна бидејќи се загрижени за моето здравје.

ps02

Сега сум целосно закрепната. Имам личен тренер и работам на мојата тежина. Оваа седмица разговарав со службеничка и му кажав дека сега се чувствув ам подготвена да посвојам дете. Таа ми кажа дека советот сѐ уште бил загрижен за моето здравје, но јас ѝ кажав дека тоа беше речиси пред една година. Но, во текот на разговорот таа трипати истакна дека проблемот е во мојата тежина. Советот вели дека им се потребни од 32 до 56 посвоители годишно. Тим и јас сакаме да обезбедиме топол дом за некое дете, наместо тоа да биде ставено во дом за сираци. Сега барав од советот да ми издаде писмено образложение дека сум одбиена бидејќи сум предебела.“

Зои, која е на постдипломски студии по социјални науки на Манчестерскиот универзитет, вели дека е решена да истрае во својата борба да стане родител.

Сподели на Facebook
пати видено