Ученик го тужел своето училиште по љубовната врска со неговата професорка. За нанесените морални штети, шеснаесетгодишниот младич ќе добие шест милиони долари. Тинејџерот започнал да се среќава со 29-годишната професорка по англиски Лаура Вотерхејст во 2013 година. Нивната врска излегла во јавноста кога професорката забременила. Два месеци по породувањето била приведена во полиција. Ѝ се заканувале 29 години затвор, но судот решил да ја прати само една година зад решетки.

pr

Тинејџерот тврди дека училишните власти знаеле за неговата врска со професорката, но не сториле ништо за да ја спречат. Поради тоа, тој и своите соученици ги нарекол соучесници во престапот. Ученикот вели дека љубовната афера му нанела непоправлива штета.

a2

„Сега сум татко на дете, и покрај тоа што и самиот сѐ уште сум дете“, вели момчето во текот на процесот.

По апсењето на Вотерхејст, уште двајца ученици признале дека имале љубовна врска со неа.

a3

Сподели на Facebook
пати видено