На следната драматична снимка ќе можете да го видите разоружувањето на дете-бомбаш самоубиец на ИСИС, на возраст од 12 или 13 години, пред тоа да успее да ја детонира. Момчето кое го носело маица со натпис „ФИФА играч на годината Лионел Меси, наводно избувнало во плач кога било приведео од страна на ирачката полиција во Киркук, северно од Багдад.
Неговото апсење се случило за помалку од 24 часа откако друго дете бомбаш самоубиец убило најмалку 51 човек, а 100 други се здобиле со повреди за време на свадба во Турција. Се стравува дека ИСИС сѐ повеќе користи деца за да спроведува смртоносни напади. Двајца други бомбаши самоубијци во недела се разнесоа себеси во недела во Киркук.
Се тврди дека детето сакало да се разнесе себеси пред една шиитска џамија. На почетокот на годината било откриено дека ИСИС објавила апликација за учење на арапската азбука која користи цртани прикази на оружје. Биле прикажани тенкови, муниција и мечови со цел да им помогнат на децата да запомнат некои букви од азбуката. Ова е најновиот чекор на ИСИС за индоктринирање деца во своите упоришта во Ирак и Сирија.