Турскиот фотограф Умит Бекташ направи интересен фото-проект со кој преку врвните турски олимпијци покажува што јадат најдобрите спортисти на светот, кои сега ќе настапат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Мерве Ајдин, атлетичарка, 3000 калории на ден

26-годишната спортистка тренира по неколку часа на ден и е на строга диета со храна богата со протеини.

Фатих Аван, фрлач на копје, 3500 калории дневно

Фатих вели: „Јас можам да се наречам себеси одличен спортист, само ако освојам олимписки медал. Добрата исхрана е од суштинско значење за секој спортист, за да се зголеми ефектот на тренинзите.“

Нур Татар, Теквондо, 1500 калории на ден

Вице-шампионката на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, пред натпреварите држи нискокалорична диета. За неа е важно да губи телесна тежина за да остане во својата тежинска класа.

Мете Бинај, кревање тегови, 3500 калории на ден

Врвните спортисти никогаш не го прескокнуваат појадокот. Тој многу јаде црвено месо, секоја вечер пие најмалку две чаши млеко и не се ограничува во јадење благи работи. Пред натпревари, на неговата исхрана тој додава витамини и спортски пијалоци.

Елиф Жале Јешилирмак, борење, 3000 калории на ден

Спортистката пие околу пет литри вода дневно и го заменува црвеното месо со риба, затоа што смета дека е покорисно.

Бахри Танрикулу, Теквондо, 3000 калории на ден

Трикратниот светски шампион и носител на сребрен олимписки медал, освен калоричната храна употребува и мултивитамини и додатоци. Тој, исто така, јаде многу зеленчук и овошје.


