„Точно денес навршуваата петнаесет месеци откако не испив ниту капка алкохол или кафе“, пишува Тобијас Ван Шнајдер, успешен дизајнер кој решил да се откаже од сите пороци, а сега и да напише нешто за своето искуство. Шнајдер е роден во Германија, во моментот работи како креативен директор и шеф дизајнер во Спотифај во Њујорк, водечкиот музички сервис во светот. Како дизајнер работел за познати брендови како Ред Бул, Гугл, БеЕмВе, Сони, Тојота, Ралф Лорен и други.

Своите навики пред сѐ ги изменил од љубопитство, а за тоа напишал статија во Хафингтон Пост, кој го пренесуваме во целост:
„Неколкумина пријатели од Фејсбук и Твитер ме замолија да напишам нешто за своето искуство, па еве, да споделам со ваш што се случи. Пред повеќе од година дена престанав да пијам алкохол и кафе, и искрено, не забележав некоја значајна странична појава. Но, го научив ова…
Заштедував 1000 долари месечно
По два месеци забележав дека на својата сметка имам 1000 долари повеќе. Да, тоа се чини многу, но ако пресметате, ќе сфатите дека и не е толку многу. Живеам во Њујорк, па така за да потрошам 1000 долари месечно на алкохол, би требало да трошам по 33 долари дневно. Да претпоставиме да испијам два до три коктели секој втор ден, што изнесува 10 долари без напојница, па да вклучиме и неколку шишиња вино месечно и лесно доаѓаме до износот од 1000 долари.
Некои можеби ќе си помислат дека ова е веќе алкохолизам, но верувајте ми дека пиењето по пијалок до два секој ден во Њујорк е повеќе од нормално. Освен тоа, излегувањето подразбира и повремена вечера или ситен оброк. Ретко само пиете. Многу често ќе огладнете и ќе купите нешто за јадење. И пред да си тргнете, веќе сте потрошиле 1000 долари.
Помалку трачови
Меѓу првите работи кои ги забележав е намалувањето на социјалната интеракција која со себе ја донесе мојот нов режим. Еве што се случи:
1. Веќе не излегувате често како порано. Исцрпувачки е непрестано и одново да објаснувате зошто не пиете. И не, не доаѓа во обѕир ниту една пијачка.
2. Кога некој ќе ме покани да им се придружам на по една, автоматски одбивам, бидејќи не сакам трезен да се занимавам со трачови.
3. Па и ако појдам на по некој пијалок, издржувам максимално околу час бидејќи толку ми држи концентрацијата како трезен во друштво на пијани луѓе.
4. Иако никогаш не сум бил по забавите, откако се откажав од алкохолот, излегувам уште помалку. Сфатив колку од пријателствата всушност се засновани на навиките поврзани со алкохол.
„Одиме на пијачка“ е реченица која е совршено вообичаена во нашите животи и не бара објаснување. Сите знаат што следува.
Подобро спијам
Откако го исфрлив алкохолот, квалитетот на сонот драстично ми се зголеми. И не зборувам за полесното заспивање, туку за квалитетот на сонот. Сигурно е полесно да се заспие по една или две чаши вино или пиво, но во тој случај квалитетот на сонот е под знак прашалник. Сега спијам подобро и се будам полн со енергија. Пред тоа со алкохолот си ги уништував утрата, дури и по само еден пијалок.
Нема кафе – нема паника, нема стрес
Оваа последица можеби е индивидуална и не знам дали вреди општо. Но, со ифрлувањето на кафето од исхраната станав поопуштен. Поради кафето секогаш бев под стрес, се зголемуваше веројатноста да паднем во некаков немир и ми го расипуваше варењето. Кога го исфрлив кафеинот, не само што сум поопуштен, тукуи варењето совршено ми функционира!
Од друга страна, го обожувам мирисот и вкусот на кафето. Затоа повремено ќе испијам едно кафе без кофеин. Сега лете пијам леден чај, а зиме нормален чај. Открив и дека реченицата „одиме на кафе“ всушност означува социјална активност, а не само пиење кафе. Задржете ја социјалната активност, а кафето заменете го со нешто друго.
Општо земено, задоволен сум со својата одлука и мемам желба повторно да почнам да пијам, ниту кафе, ниту алкохол. Не велам дека и вие би требало да го сторите истото. Ако сте среќни и задоволни со тоа што го правите, не менувајте ништо. Јас своите навики ги променив од љубопитство и ми се допаѓа како испадна.
П.С. Ако некој се прашува – не пушам цигари и не пушам трева. Не конзумирам никакви дроги. Имам интернет, таа зависност ми е доволна.

