Џејми Оливер и неговата сопруга Џулс му посакаа добредојде на нивното петто дете. 41-годишниот славен готвач ја објави среќната вест на Инстаграм со слика од момченцето, повиено и заспано. Тој напишал:

„И ете, само што се случи ова, дечки! МАШКО ДЕТЕ! Сите во семејството Оливер се многу изненадени и неизмерно среќни.

„Тој на овој свет пристигна безбедно. Мама Џулс Оливер беше навистина навистина смирена, неверојатно смирена, природно раѓање и моите две најстари девојчиња беа присутни во мигот кога се роди бебето што беше прекрасно да се види, многу многу емоционално“, додава тој.

„3, 6 килограми (за сите готвачи, тоа ви се 16 пакетчиња путер). Како и да е, сите одиме на спиење, беше долг ден…да е живо и здраво бебенцето!!! И ви праќам љубов на сите вас мајки бидејќи колку сте неверојатни и прекрасни, просто умот ми запира…Многу љубов, Џејми О…“

do01 do02 do03 do04 do05 do06

Сподели на Facebook
пати видено