Пишување белешки на сендвичите или криење храна на дното на фрижидерот – тоа е честа тактика за да се осигурате дека вашата храна нема да падне во погрешни раце. Но, како што увидела една жена, тоа не го спречува секого. Откако открила дека нејзин подмолен колега ѝ го краде млекото за утринското кафе, жената одлучила таа да биде последната која ќе се смее.

Ставајќи белешка на шишето во фрижидерот, таа го известила канцеларискиот крадец дека тоа што го користел цело време не било крем, туку нејзиниото сопствено мајчино млеко. Објавувајќи слика од нејзината слатка одмазда на сајтот Редит, непознатата жена очигледно уживала во соопштувањето на непријатната вест на безобразниот колега, соочувајќи го со фактот дека се што лета не се јаде.

kf

„Добро утро“, започнува пораката љубезно. „До кој и да е кој цела недела ми го користи млекото за кафе…Изненадување!!! Цела недела го пиеш моето мајчино млеко. Се надевам дека уживаше. На здравје!

П.С. Органско е. Па така, без грижи!“

Сподели на Facebook
пати видено