Кога ожалостената пензионерка Алмеда Ерел од Севиервил, Тенеси, САД, отишла да му оддаде последна почит на нејзиниот син, последното нешто што очекувала да најде таму е љубов. По бурна тринеделна романска, таа и Гери Хардвик, кој во моментот на запознавањето имал само 17 години, а сега 18 и кој и претходно се забавувал со жена стара 77 години – го кажале судбоносното „да“ за време на свадбена церемонија која чинела само 200 долари, која тој ја испланирал са шест дена.

И сега невообичаениот пар ја дели куќата на Алмеда со еден од нејзините внуци кој е три години постар од нејзиниот нов сопруг.
„Не барав некој помлад, но Гери едноставно се појави“, вели Алмеда. „Веднаш знаев дека тој е вистинскиот. 43 години бев во брак со мојот прв маж Доналд, па така кога тој умре во 2013 како последица на компликации од дијабетес, се најдов оставена сама на себе. Ќе се појавев на работа во солзи и колегите ме прашуваа што ми е. Длабоко внатре, јас бев во потрага по сродна душа.“

Гери, кого почнале да го привлекуваат постари жени на осумгодишна возраст кога се вљубил во својата учителка, вели дека исто така се наоѓал во превирања, чувствувајќи се заробен во несреќната врска со нејговата 77-годишна љубовница.
„Постојано се каравме“, вели гери. „Паднав во депресија и барав излез.“

И тогаш Лиза, неговата вујна, го повикала да присуствува на кремацијата на нејзиниот сопруг Роберт, кој бил син на Алмеда.
Алмеда раскажува: „Го забележав овој младич на другиот крај од црквата, со прекрасна насмевка и си помислив, леле ова е вистинскиот. Тој беше на спротивната страна, но јас постојано гледав во него. Тоа беше како јасна светлина во сета таа тага.
Потоа, како што чекорев кон вратата, тој ми пријде и ми изрази сочувство. Немавме многу време, но и тоа беше доволно.“
Гери вели: „Алмеда е толку млада во срцето и нејзината возраст воопшто не ни пречи, воопшто не размислуваме за тоа. Јас само знам дека Бог одговори на моите молитви кога таа влезе во мојот живот.“
Алмеда се надоврзува на тоа со следниве зборови: „Научив едно нешто, а тоа е дека кога навистина сакате некого, воопшто не е важно што мислат другите.“

А што мислите вие за оваа работа, почитувани читатели?