Белите патики се неизбежен дел од сечија гардероба поради својата универзалност при најразличните комбинации. Меѓутоа, сите кои имаат бели патики знаат дека се работи за меч со две острици. Имено, на белите патики треба многу да се внимава, бидејќи секоја интеракција со околината носи ризик за исчезнување на чисто белата боја. Една или две незабележливи дамки можеби и можат да се игнорираат, но потоа сопствениците на бели патики едноставно го признаваат поразот и нивните бели патики стануваат сиви.

Но, наместо да купувате нови бели патики, пробајте го решението од ова видео и вратете го стариот сјај на вашите бели патики. Се што ви треба е:

1 лажица сода бикарбона
1/2 лажица вода
1/2 лажица хидроген пероксид
четкичка за заби

Нанесете ја смесата два пати врз вашите патики и оставете ги 3-4 часа на сонце. Исчистете ги со четкичка за заби.

Сподели на Facebook
пати видено