На оваа слика на која прекрасно е отсликана татковата љубов се гледа како еден татко спие под болничкиот кревет на неговиот болен син. Сликата била објавена од неговата сопруга Ејми Палмер. Џеси Палмер претрпел напад на астма поради кој завршил во болница, придружен од мајката Ејми и таткото Андре. На сликата се гледа како детето спие во синото креветче, а неговиот татко легнал долу под него на гол под, со ништо друго освен една перница.
„На оваа слика е прикажан еден вреден работник посветен на своето семејство“, напишала г-ѓа Палер во описот на сликата. „По целоноќна работа на трета смена, тој е тука со неговиот син кој е во болница.“
Во болничката соба имало место само за еден болнички кревет за детето и еден кревет на расклопување, на кој спиела мајката. Андре со работа рано утрината, ја оставил ќерката во јасли и дошол во болницата, кадешто преморен легнал под креветот на својот син. Жената вели дека кога се разбудила, го видела својот сопруг и додека за некои тоа би било само глетка на човек кој легнал да спие на под, таа гледа „човек кој работел цела ноќ, кој можел да си замине дома да спие, или кој би ми кажал да станам јас за да може тој да легне малку“, пишува таа. „Сето ова покажува колку прекрасен сопруг и татко е тој.“
Го сликала и набргу потоа го разбудила за да може да легне на креветот на раскплување.


