Шведски фудбалер бил отстранет од теренот затоа што прднал, а судијата тоа го оценил како „намерна провокација“. Адам Линдин Лјунгквист играл лев бек за Першаген СК, кога во последната минута му бил покажан и втор жолт картон. Опишувајќи го надреалниот миг, 25-годишниот фудбалер изјавил: „Ме мачеше стомакот, па така едноставно го пуштив. И тогаш добив два жолти картона, а потоа и црвен. Да, бев шокиран. Тоа беше најчудното нешто што сум го доживеал во еден фудбалски натпревар.

Го прашав судијата: „Е што, не смеам ли да пуштам малку ветер? Ми одговори „не“…Не разбирам, но можеби си помислил дека сум прднал во раката и сум го фрлил прдежот кон него. Но, не го сторив тоа. Да провоцираш некого со прдење не е баш паметна работа, ниту пак нормална. Глупости – едноставно малку го испуштив и добив црвен картон.“


