Го гледате радосниот миг кога една жена од Сирија буквално го отфрла владеењето на ИД со тоа што го фрли никабот наметнат од исламските фундаменталисти и терористи веднаш откако нејзиното село беше ослободено од терористите. Строгиот начин на облекување наметнат од ИД во нивните освоени облоасти во Сирија и Ирак диктираат дека жените мораат да бидат покриени од глава до петици во црно, покривајќи си ги лицата со вел.
На една од сликите кои го заплиснаа интернет по ослободувањето на Алепо и соседните градови и села, се гледа како една жена со насмевка на лицето го отфрла својот црн никаб. „Од сега ќе носам само црвено“, вели Абду Ал Муоти. „Нѐ тераа да ги покривае нашите лица со исламски вел и ни се закануваа дека ќе не убијат“, додава таа, додека толпата народ околу извикува „Ослободени сме! Ослободени сме!“



