Неверојатно ослабено куче сето покриено со рани и страдајќи од болно кожно заболување морало да биде усмртено откако неговите сопственици не се грижеле соодветно за него, не хранејќи го повеќе од еден месец. Инспекторите ја опишуваат кучката Тејзер како „жив мртовец“ откако ја нашле во нејзиниот дом во Квинсленд, сета покриена во чирови и страдајќи од демодекоза. Нејзините сопственици, 37-годишниот Родни Џон Бриџ и 47-годишната Лин Смит пред судот се изјасниле виновни за прекршување на должноста за грижа кон животно.
„Пред да станам инспектор, дванаесет години бев ветеринарка и во текот на целата моја кариера како ветеринарка и подоцна како инспекторка, никогаш не сум видела вакво нешто, вели регионалната инспекторка Натали Аиткин. „Ова е најлошиот случај кој сум го видела.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!