Еден млад уметник беше духовно скршен кога лего скулптурата која неуморно ја градел била уништена од страна на едно дете уште во првиот час на изложбата. Човекот, кој е од Венжу, источна Кина, морал да потроши три дена градејќи го интригантното современо уметничко дело, оставајќи се без сон.
Во објава на социјалните медиуми тој изјавил дека се чувствува фрустриран поради несреќната случка која се случила за време на лего изложба во градот Нингбо. Уметникот објавил серија фотографии со неговата скулптура на кинескиот сајт Веибо под псевдонимот „Ми жи Алиу“. На една од сликите може да се види како човекот гордо стои крај своето дело, наречено „Ник“, за подоцна скулптурата да се види целосно уништена.
„Еден час откако се отвори изложбата, едно дете на четири до пет години го турна Ник на земи и тој се распрсна на парчиња.“
Скулптурата се состоела од 10 000 коцки и е проценета на 100 000 јуани (15 000) долари.


