Најпознати по тоа што ги создале мистериозните Наска линии, на древните луѓе од културата Наска исто така им се припишува и изградбата на впечатливиот систем на подземни канали како и серија на невообичаени спирални бунари ископани длабоко во земјата. Изградени пред 2 000 години, целта на овие невообичаени инковидни бунари, т.н. пукиоси, долго време претставувала мистерија, но сега истражувачи од Италија конечно успеале да ги состават камчињата од мозаикот и да сфатат за што биле користени и како народот Наска успеал да напредува во таква неплодна околина.

nz

Клучот на загатката лежи во нивната мрежа на подземни аквадукти преку кои се носела вода од подземните резервоари до местата кадешто таа била потребна. Се верува дека генијалниот изум се состоел во тоа што спираловидните инки создавале силни воздушни струи во тунелите што помагало за пренесување на водата низ системот.

„Пукиосите биле софистициран хидрауличен систем изграден со цел да се извлекува вода од подземните извори“, вели Роза Ласапонара од Институтот за методологија за анализи на природната средина. „Тие биле најамбициозниот проект во областа Наска и овозможувале водата да биде достапна преку цела година, и тоа не само за потребите на земјоделството и наводнувањето, туку и за домашни потреби.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено