Астрономите откриле нешто за што мислат дека е планета налик на Земјата. Планетата се наоѓа во близок сончев систем. Наоѓајќи се во орбитата на ѕвездата црвено џуџе GJ 832, се верува дека планетата се наоѓа во т.н. златна зона, кадешто би можела да постои течна вода. Планетата можеби има маса приближно петнаесет пати поголема од Земјата. Таа се наоѓа крај две други планети со неповолни околности за развој на живот, слични на Венера.

pl

Но, оваа трета планета, за која се верува дека се наоѓа во сендвич помеѓу овие две планети, се чини дека е многу погодно место на кое би можеле да се бараат знаци на вонземјански живот. Планетата била откриена со помош на т.н. метод на радијална брзина, при кој се забележуваат и анализираат периодичните промени во фреквенцијата на ѕвездената светлина.

Иако постоењето на оваа планета допрва претстои целосно да се потврди, нејзината положба на само 16 светлосни години оддалеченост би значело дека таа се наоѓа практично во нашето соседство во споредба со повеќето познати светови надвор од нашиот сончев систем. Како што телескопите стануваат сѐ помоќни, можеби наскоро ќе биде здогледана.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено