Исчезнат патент за првата летачка машиина во светот е најден во стара архива во Канзас. На 17 декември 1903 американските пронаоѓачи Орвил и Вилбур Рајт го цементирале своето место во историските книги кога го извршиле првиот лет во историјата на човештвото. Но што точно се случило со патентот за нивниот првичен дизајн?

rajt

Документот, кој браќата го поднеле пред нивниот прв успешен лет, бил одобрен во 1906 година и оттогаш е чуван во американските архиви како документ од големо историско значење. Но, во 2000 година документот исчезнал, и потоа и покрај големите напори, властите не успеале да го најдат или да дознаат што точно се случило со него.

Сега, по повторен обид да се најде исчезнатиот документ, патентот на браќата Рајт конечно бил лоциран во четири и пол-метарски куп документи складирани во сепцијална пештера за чување документи во Канзас. Скапоцениот патент бил најден од страна на волонтерот Боб Биб.

Насловен со зборовите „Машина за летање“, во документот стои: „Да се знае дека ние, Орвил Рајт и Вилбур Рајт, двајцата граѓани на САД, жители на градот Дејтон во државата Охајо, заедно измисливме машина за патување во воздухот.“

Документот сега е изложен во Националниот архивски музеј во Вашингтон.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено