Винстон Мосли, човекот кој во 1964 година ја убил Кити Џеновезе додека нејзините соседи ги игнорирале нејзините повици за помош, умрел минатата недела во затвор, на возраст од 81 година. Мосли, сериски убиец-психопат и некрофил, бил еден од најстарите затвореници во затворот. Неговото сурово силување и убиство на 28-годишната Џеновезе пред повеќе од педесет години е едно од најпознатите злосторства во САД.

Случајот се спомнува и во учебниците по психологија како класичен пример за т.н. ефект на страничен набљудувач, при кој присуството на други луѓе ги спречува луѓето да интервенираат во случај на итност.

gn01

Сепак, во последните години експертите доведоа во прашање многу аспекти од убиството на Џеновезе за кои се известувало во 1964 година. Тајмс известувал дека 38 луѓе гледале како убиецот ја следел и избодел девојката. Од тие 38 соседи во Кју Гарденс, Квинс, ниеден не повикал полиција, при што наводно сите доживеале т.н. „разлевање на одговорноста“. Едноставно кажано, сите си мислеле дека некој друг ќе и помогне на Џеновезе, којашто била ситна девојка.

Иако психолозите докажале дека ефектот на страничниот набљудувач е вистински феномен, приказната за Кити Џеновезе која го инспирирала поголемиот дел од тие истражувања во голем дел е неточна, велат експертите кои го преразгледале случајот. Не е утврдено дека 38 луѓе го виделе убиството, ниту дека никој од нив не повикал полиција.

„Да, имало убиство“, вели адвокатот Џозеф Демеј. „Да, луѓето слушнале нешто. Можете да ги критикувате поради нивното однесување. Но сепак, не е вистина дека 38 луѓе гледале како жена била колена 35 минути и си велеле `О, не сакам да се мешам.“

gn02

Првиот детален извештај за убиството бил детално објавен во весникот Тајмс две недели по убиството. Според таа сторија, која е напишана според полициски извори:

„Повеќе од половина час 38 лојални граѓани од Квинс, достојни за почит, гледале како убиецот ја демне и боде жената во три одвоени напади во Кју Гарденс….Ниту еден не повикал полиција за време на нападот; еден сведок повикал полиција откако жената била мртва.“

Подоцна, пишува весникот, еден сосед овчедушно и кажал на полицијата: „Не сакав да се мешам.“

Помислата за тоа како ситна жена е прободувана со нож додека нејзините соседи е навистина ужасувачка, и случајот набргу привлекол големо внимание. Бројот на луѓето кои не сакале да помогнат – 38 – бил повторуван и повторуван.

gn03

Но, луѓето кои пак се осврнале на деталите на случајот нашле грешки од пресудно значење во писанието на Тајмс, како што пишува Николас Леман во весникот Њујоркер по повод 50 години од убиството.

Еве ги основните факти, според Леман. Мосли, убиецот на Џеновезе, возел наоколу и барал жртва кога ја забележал младата жена и ја следел до нејзиниот дом. Таа се паркирала спроти нејзиниот стан и во тој момент тој ја нападнал со ловечки нож. Таа вреснала, по што соседот Молтер Мозер го отворил прозорецот и извикал: „Остави ја девојката на мир.“

gn04

Мосли избегал. Џеновезе, која била ранета, но жива, отрчала во ходникот на нејзината зграда. Мосли се вратил и ја нападнал пак во ходникот. Вториот, побрутален напад се случил внатре во зградата, надвор од видното поле на повеќето од нејзините соседи. Иако соседите можеби слушнале нешто од нападот, Демеј, адвокатот кој го истражил случајот, за Тајмс кажал дека многу од соседите помислиле дека се работи за караница помеѓу љубовници, или пијана расправија. Згора на тоа, според Леман, двајца соседи сепак повикале полиција.

Како и да е, останува фактот дека никој од соседите не излегол од својот стан да ѝ помогне на девојката.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено