Неодамнешен извештај на Светската здравствена организација посочува дека бројот на децата на кои им се препишуваат рецепти за антидепресиви се зголемува со тревожна стапка. Според извештајот, во текот на изминатите седум години тој се зголемил за 54 отсто. Директорката на одделот за ментално здравје при СЗО неодамна изјави дека „употребата на антидепресиви помеѓу младите е причина за загриженост поради две причини. Едната е, дали сѐ повеќе луѓе неоправдано добиваат вакви рецепти? И второ, дали антидепресивите можат да наштетат повеќе отколку што би можеле да помогнат?“
Во повеќето земји просекот на пораст е околу 50 отсто, но во земји како Данска, тој е уште повисок, изнесувајќи околу 60 отсто. Повеќето експерти се согласуваат дека антидепресивите не би требало да бидат првиот избор, особено за таа возраст, но тоа сепак се прави.
„Но со толку долго чекање пациентите да се видат со специјалист или да добијат психотераписка помош, лекарствата се восприемаат како најдобриот начин да им се помогне на пациентите кои се наоѓаат во состојба на голем стрес“, вели д-р Морин Бејкер, директорка на Кралскиот колеџ за општи лекари. „Веќе подолго време препорачуваме општите лекари да минат низ специјална обука за ментално здравје и здравје на децата. Овие мерки мерки ќе им овозможат да им помогнат на младите пациенти да го добијат вистинскиот третман, како во случај на телесен здравствен проблем, во која и земја да се наоѓаат.“
Според едно ново истражување, докторите препишуваат антипресиви на кого и да е, при сѐ што повеќето не ги исполнуваат официјалните критериуми за клиничка депресија. Според студијата, објавена во стручното списание Журнал за клиничка психијатрија, се смета дека 69 отсто од луѓето кои добиваат рецепти за антидепресиви не покажувале симптоми кои докторите би требало да ги бараат за да почнат да лекуваат клиничка депресија.


