Единаесетгодишно девојче влогер со сериозни деформации на лицето собра милиони погледнувања на Јутјуб откако ги сподели своитесовети за убавина. Ники Кристу од Лондон страда од артериовенозна малформација, ретко нарушување коешто причинува силни болки и крварења од носот кои можат да бидат ризични по животот. Но, храброто и одважно девојче е решено тоа да не ја фрла во очај и собрала илјадници фунти доброволен прилог преку својот канал, на којшто има впечатливи 35.000 следбеници.

dv01 dv04

Ники била дијагностицирана со оваа болест на шестгодишна возраст кога забележала дека на десното лице ѝ се испакнуваат вените. Две години подоцна поставила канал на Јутјуб, наречен Ники Лили, на којшто споделува совети за шминкање и упатства за печење и готвење за нејзините лојални фанови. Нејзините родители Џорџ и Тања го основале АВМ Пеперутка, фонд за добротворни прилози за истражување на нејзината состојба – нарушување при коешто артериите и вените формираат абнормална врска помеѓу себе. Со овие чекори тие заедно успеале да соберат 55.000 фунти(70250 евра).

dv03

Кога Ники ја прашале за тоа што прво помислила кога ѝ кажале дека има АВМ, таа одговорила: „Мислев дека тоа е како настинка и чекав да помине по извесно време. Но, кога имав седум години сфатив дека ќе треба да ми направат операции, третмани и нема да можам да правам многу работи и дека нема да можам да одам на училиште. Тоа беше многу страшно. Отпрвин се сожалував себеси но тогаш сватив дека има толку многу нешта кои можам да ги правам.“

dv04

Таа вели дека постојано ја прашуваат: „Што ти е тоа на лицето? Што не е во ред со твоето лице?“

„Навистина немав самодоверба. Ќе се погледнев себеси во огледалото и ќе си помислев, што ми се случи? Посакував ова да беше шминка. Понекогаш ќе земев крпа и ќе го триев лицето, бидејќи не можев да верувам дека не сака да излезе. По некое време сфатив дека вените ќе продолжат да ми излегуваат и една недела по мојот роденден ми ја направија првата операција.“

dv05 dv06

Ники ја имала првата хируршка интервенција на седум години и оттогаш наваму минала низ дваесет сериозни операции и триста посети во болниците. Во 2013 година принцот Хари и доделил награда за храброст „Добро Дете“; истата година ѝ била доделена Националната награда Дајана, како награда за нејзините напори за собирање добротворни средства.

dv07 dv08

„Пропуштив многу нешта. Во образованието, забави, пливање, колачиња – што е навистина тажно бидејќи ги сакам тие нешта. Но, ако се сосредоточите само на негативните нешта нема да уживате во животот. Или ќе бидете негативни и нема да уживате во животот или ќе бидете позитивни и ќе ја блокирате негативноста во вашиот живот и ќе живеете прекрасен, здрав, среќен и радосен живот. Ако верувате во себеси, навистина силно обидете се и блокирајте ја сета негативност во вашиот живот. Ќе живеете среќен живот.“

Секој минува низ своја борба во животот, и ваквите храбри личности секогаш можат да ни служат за инспирација.

dv09

Сподели на Facebook
пати видено