Дали ова е најзасрамувачкото селфи на сите времиња?
Сликањето селфи фотографии може да се чини како сосема нормален дел од секојдневниот живот за повеќето млади луѓе, до таа мера што тие често ги праѓаат до своите пријатели и членови на семејството, без да се потрудат да ги прегледаат тие фотографии и да видат дали можеби со нив прикажуваат нешто што не би сакале да го споделат.
Една кутра жена ја направила токму таа грешка за која платила на најлошиот можен начин, откако пратила слика со себеси на својот брат и нејзините родители, без да биде свесна дека во позадината оставила две секс играчки. И за нештата да бидат уште полоши, нејзинит брат ги споделил фотографиите со нивните родители и ги качил на сајтот Imgur кадешто за кратко време насобрале илјадници погледнувања и коментари.
Сѐ што сакала таа да покаже била нејзината нова фризура. Интересно е тоа што нејзините родители и братот отпрвин не забележале што има во позадината, но затоа интернетот сѐ забележува… и никогаш не простува. А покрај тоа, кога таа забележала дека на сликата има два вибратори и го замолила нејзиниот брат да не ги препраѓа сликите, тој решил да ја искористи приликата и да ја продолжи нејзината агонија и очај. Сепак тоа не било многу убаво од негова страна.




