19-годишната Ела Џин има незаситна жед за кисело уште од дете. Малку оцет може да биде фино врз вашата салата или во вашата супа, но за Ела Џин, комзетичарка од Источен Сасекс, Велика Бртианија, едно шише оцет претставува повеќе пијалок отколку зачин.
„Не можам да се сетам кога почнав да пијам оцет – мора да сум била многу млада. Го пијам откако знам за себе“, вели таа. „Пијам најмалку една чаша дневно, и го ставам во сѐ што јадам“.

Претходно пиела по две шишиња алкохолен оцет секоја недела, но сега 19-годишната девојка се свртела кон јаболковиот оцет, бидејќи верува дека тој ѝ помага да ослабне.
„Едноставно го сакам вкусот“, вели таа. „Навистина е кисел, но го сакам – најубавиот дел е кога чувствувам дека ми гори во градите. Секогаш пивнувам по малку – се обидов да пијам на екс, но тоа боли.“
Здравствените експерти како нутриционистот Хелена Гибсон Мур сметаат дека пиењето на толку многу оцет веројатно не е добра идеја, гледано долгорочно, бидејќи страничните ефекти се непредвидливи.

„Истражувањата за можната полезност за човечкото здравје се малку, најчесто мали проучувања на стаорци, па така не постојат многу докази кои би можеле да ја поддржат теоријата дека е полезен за човечкото здравје“, вели таа. „Кога оцетот се внесува во мали количества, тој не би требало да предизвика штета кај повеќето луѓе, но не се знае многу за тоа какви ефекти би имало пиењето во големи количества, гледано долгорочно.“

