Поради брзото ширење на вирусот Зика низ Латинска Америка, Светската здравствена организација прогласи глобална итна состојба. Јавноста е добро запознаена со болестите како разните грипови и еболата, но вирусот Зика се појави од никаде. Дали треба да се плашиме од него? Еве што сѐ треба да знаете за Зика. Болеста порано била многу ретка, но сега достигна степен на епидемија.

Вирусот Зика порано се среќавал во рамките на тесниот екваторски појас помеѓу Африка и Азија. Но во 2014 се прошири и низ Централна и Јужна Америка.

zk01

Треската предизвикана од вирусот е всушност многу блага, а другите симптоми како главоболките и благите исфрлувања, кои се присутни и кај други, почести заболувања, прават овој вирус потешко да се препознае.

zk02

Зика се поврзува со нарушувањето наречено микрокефалија (малоглавост), и бебињата родени од мајки кои биле погодени од вирусот се  изложени на голем ризик.

zk03

До сега само во Бразил се забележани околу 4000 случаи на ова нарушување.

zk04

Зика најчесто се пренесува преку комарците, но може да се пренесе и преку сексуален контакт.

zk05

Сподели на Facebook
пати видено