Визуелните ефекти често можат да направат или да упропастат некој филм. Лесно е да се направи разлика помеѓу неверојатни и ужаси ефекти, но поголемиот број луѓе не секогаш имаат можност да направат споредба како изгледал некој филм пред дигиталните магионичари да стапат во дејство и да ја применат нивната филмска магија. Погледнете ги следните клипови за да се уверите каква суштинска улога играат овие уметници во светот на киното.

1. Паркот Јура (2015)/Имиџ Енџин

 

Крис Прат е шармантен, но без овие визуелни ефекти, „Паркот Јура“ тешко дека ќе го постигнел огромниот успех во светските кино сали.

2. Одење по жица (2015) / Атомик Фикшн

Филмското дејство се осврнува на вистинска локација од минатото, па така на уметниците за визуелни ефектиим била дадена задача дигитално да ги пресоздадат препознатливите њујоршки градби, Кулите близначки и околните објекти, како што изгледале во 1970-те.

3. Чапи (2015 / Имиџ Енџин

Комбинирајќи ја сликата и неверојатните визуелни ефекти, Имиџ Енџин успеале од филм со многу мала поддршка на критичарите да направат нешто што вреди да се види.

5. Капетан Америка; Зимскиот војник (2014) / Индастриал Лајт енд Меџик

Да се направи експлозиите на огромни воени возила во воздухот да бидат реалистични не е лесна задача.

5. Големиот Гетсби (2013) / Анимал Лоџик

Целиот овој филм е демонстрација на впечатливи ефекти, дело на Крис Годфри и Енимал Лоџик.

6. Волкот од Волстрит (2013) / Брејнсторм Диџитал

Гледајќи го филмот, можеби не сте препознале дека голем дел од пејсажите и архитектонските елементи во овој филм на Мартин Скорсезе се дигитални креации. Што значи дека Брејнсторм Диџитал добро си ја завршиле работата.

7. Битка за Пацификот (2013) / Rodeo FX

Иако рецензиите за филмот се најразличи, не може да се одрече дека „Битка за Пацификот“ е визуелна гозба, што е потврдено со бројните номинации за награди за визуелни ефекти.

8. Гравити (2013) / Рајзинг Сан Пикчрс

Уште една демонстрација на талент, овојпат од австралиската компанија Рајзинг Сан Пикчрс.

9. Животот на Пи (2012) / Ритм енд Хјуз Студиос

Бил Вестенховер, Гијом, Рошерон, Ерик де Боер и Доналд Елиот освоија Оскар за најдобри визуелни ефекти за овој филм во 2013 година. Дури и овој клип од две минути сосема јасно покажува зошто.

10. Одмаздници (2012) / Индастриал Лајт енд Меџик

Да не беа овие ефекти од кои ви се свртува во главата, овој филм, како и многу дури филмови со супер-херои, едноставно немаше да можат воопшто да се направат.

Сподели на Facebook
пати видено