Снајперист експерт на британската Специјална воздушна служба убил тројца бомбаши на ИСИС застрелувајќи ги преку ѕид дебел дваесет и пет сантиметри, на оддалеченост од од еден километар, употребувајќи ја најмоќната пушка во светот. Снајперистот, кој се смета за еден од најдобрите во специјалните сили, испукал 30 полнења противоклопна муниција од неговата пушка „Barrett M82“ во двокатниот команден штаб во градот Рамади во Ирак. Смелата и вешто изведена мисија која била наречена „класична операција на САС“ спасила околу дваесет животи.
Откако дознале дека во зградата се кријат бомбаши, биле земени предвид повеќе можности, вклучувајќи воздушен и ракетен напад. Но, и двете биле оценети за опасни по цивили бидејќи извесен број на невини луѓе биле користени како човечки штитови во близината на поседот. Командниот центар бил добро утврден. Тогаш еден од снајперистите намислил да стрела низ ѕидот со противоклопна муниција, сметајќи дека со тоа „нема што да изгубат“. Снајперистот се наместил на врвот на зграда оддалечена еден километар од целта и почнал да пука во командниот центар, по што еден од неговите ѕидови бил речиси целосно уништен.
Кога подоцна истиот ден сили на САС и на регуларната ирачка војска упаднале во зградата, наишле на хаос и ужас. Како што се раскажува, телата на исламистите биле просто здробени од противоклопната муниција. На еден од нив му била отсечена главата, а друг бил исечен на половина. Но, со тоа биле спасени животите на дваесет цивили, а исто така биле спречени и самоубиствени бомбашки напади, по што исламистите се повлекле во друг дел на градот.