Компанија од Швајцарија смисли нов уникатен рецепт за чоколадо кое многу тешко се топи. Обичната чоколада е добра сѐ додека не стане премногу топло и таа почне да ви се топи во рацете, но сега Бери Калебо, најголемиот дистрибутер на чоколада во светот, измисли нов вид на чоколада која останува во цврста состојба на температури до 38 степени Целзиусови.

Овој нов производ кој ќе ѝ помогне на компанијата да се пробие на нови пазари се опишува како „нешто што ја менува играта“ – особено кога станува збор за земјите со постојани високи температури во кои чоколадата тешко се транспортира и чува. Дали новиот вид на чоколада ќе стане хит помеѓу потрошувачите, останува да се види.

чк

Сподели на Facebook
пати видено