Пред исламската револуција во 1979 година, Иран бил сосема поинаква земја од тоа што може да се види денес. Иран бил секуларна држава, про-западно ориентирана и овозможувала поголеми индивидуални слободи.
Додека денес тоа во земјата би се доживеало како шокантно, во тоа време жените имале современ пристап кон модата. Се облекувале исто како жените од западниот свет, па дури покажувале и малку голотија. Денес жените се облекуват многу поконзервативно во споредба со седумдесеттите години на минатиот век. Ја покриваат својата коса, вратот и рацете.
Овие стари списанија ја покажуваат убавината на жените во Иран.