Секој знае дека е подобро да се искачите по скалите наместо да се качите во лифт, но ново истражување покажува дека исто така би требало да размислите да ги фрлите клучевите од вашиот автомобил и да почнете да пешачите повеќе.
Ново истражување од Оксфордскиот универзитет вели дека би можеле да живеете подолго ако само додадете малку повеќе чекори во вашиот ден.
За потребите на ова истражување, околу десет години бил следен животот на преку 2500 Австралијанци на просечна возраст од 59 години. На учесниците им бил даден педометар за да се следи бројот на чекори кои ги прават на дневна основа. Со текот на времето, била забележана директна врска помеѓу подолгото пешачење и помалиот смртен ризик. Поединците коишто претежно седеле можеле да го намалат ризикот по својот живот само со зголемување на бројот на чекори од 1000 на 3000 чекори дневно, парем пет пати во неделата. Доколку износот го зголемеле на 10.000 чекори дневно, ризичниот чинител го намалиле до 46 отсто.
„Ова покажува уште појасно од порано дека степенот на телесна активност директно влијае врз должината на животниот век“, вели оксфордскиот истражувач Тери Двајер.