Сите знаеме за библиската приказна за Адам и Ева, првите луѓе кои се претци на сите нас. Некој верува во таа приказна, некој не, а некој смета дека таа е само симболика.

Но, интересно е тоа што во генетиката постојат термините Y-хромозомски Адам и митохондриска Ева, кои и ги добиле своите имиња по овие библиски личности. Y-хромозомскиот Адам е заедничкиот машки предок на сите луѓе на планетата, додека митохондриската Ева е жената од којашто потекнуваат сите луѓе. Со генетските истражувања е утврдено дека сите луѓе потекнуваат од нив. Но, тоа не мора да значи дека тие живееле во исто време и дека воопшто се познавале. Да го објасниме тоа малку поподробно.

adam-eva

Кога тргнате да се враќате во минатото по својата машка линија, тргнувате од својот татко, вашиот дедо по татко, прадедото, неговиот татко и сѐ така илјадници години додека не дојдете до Y-хромозомскиот Адам. Барем на тоа укажуваат генетските истражувања. Y-хромозомскиот Адам е маж кој живеел во група со повеќе луѓе, но бил единствениот кој успеал да ги пренесе своите гени на потомците по машка линија. Можеби и другите мажи во неговата средина имале деца, но нивните деца и правници немале машки потомци, некаде дошло до прекин во машката линија.

Истата процедура може да се повтори и по мајчина линија и така доаѓаме до митохондриската Ева, единствената жена којашто е предок на сите луѓе на планетата.

Се смета дека временското растојание помеѓу нивните животи изнесува некаде околу неколку илјади години, но тоа не може прецизно да се утврди. Научниците никако не можат да се усогласат кога живеел Y-хромозомскиот Адам, некои истражувања покажуваат дека тој живеел пред 60-140 илјади години, додека некои сметаат дека тој живеел многу порано, пред некои 300 илјади години. За Ева се смета дека живеела во Африка, пред околу 200 илјади години.

Во согласност со тоа, слободно можеме да кажеме дека сите луѓе на планетата сме роднини, буквално.

Сподели на Facebook
пати видено