Истражувачите веруваат дека конечно ја нашле локацијата на древниот и митски изгубен град Атлантида. Грчкиот философ Платон е првиот пишан извор од пред повеќе од 2000 години кој ја опишува Атлантида како просперитетна и значајна цивилизација од минатото, но откако ги налутила боговите, Атлантида потонала длабоко во океанот. Долго време се сметало дека Атлантида е само мит, но експертите велат дека нови наоди посочуваат кон тоа дека Атлантида навистина постоела на италијанскиот остров Сардинија.

а01

Италијанскиот писател и експерт по прашањето за Атлантида, Серџо Фрау, вели дека можеби успеал да го открие подводниот древен град Атлантида. Фрау верува дека Атлантида се криел на јужниот крај на италијанскиот медитерански остров Сардинија.

а02

Повеќе експерти, меѓу кои и Фрау, претпоставуваат дека причината за големиот бран кој го потопил древниот град во вториот милениум пр.н.е. лежи во ударот на метеор.

а03

Фрау објаснува дека јужниот крај на италијанскиот остров личи како „морска Помпеја потоната во кал“. Во средината на дваесеттиот век биле пронјајдени алати, керамика, грнци и газиени лампи на место во изградба, што посочува кон фактот дека луѓето таму се брзале да побегнат од областа.

а04

Со години експертите мислеле дека Атлас, или Атлантида на Платон, била изгубена некаде помеѓу Мароко и Шпанија.

а05

Грчкиот философ Платон бил првиот кој ја опишал Атлантида, уште пред повеќе од две илјади години. Првично многу научници сметале дека Платон си го создал овој измислен град како начин да ги илустрира своите политички теории. Платон го портретирал градот како голема морска сила којашто била опкружена со планини од север и со рамнина од југ. Според Платон, кралевите на Атлантида биле потомци на Посејдон, богот на морето, и го освоиле поголемиот дел од западна Европа. Но, откако не им успеало да ја завладеат Атина, Атлантида доживеала ужасна судбина потонала во морето.

а06

Околу 115 година, Сардинија потонува во мрачно доба и Фрау сакал да ја открие причината за тоа. Нураги, главниот вид на древно мегалитско светилиште најдено на Сардинија, а коешто датира од 16. до 12. век пр.н.е. сугрерира дека островската цивилизација пред тоа била доста напредната.

а07

Бедемите на овие древни структури се поврзани со подземни тунелии се опремени со системи за складирање на храна. Доста се шпекулира за тоа за што биле употребувани овие сложени бедеми, кули и тунели – дали биле живеалишта на велможите, одбранбени системи или пак сакрални објекти.

а08

Но, околу 1175 година пр.н.е. се случило нешто што прекрасниот просперитетен остров го пратило во мрачното доба. Писание од класичниот автор Плутарх раскажува дека островјаните барале засолниште во повисоките места, кадешто и денес живеат повеќето Сардинијци, или пак избегале во Етрурија, денешна централна Италија. Древните документи исто така пишуваат и за огромен морски бран кој ги натерал островјаните да ги напуштат своите домови, што звучи доста слично на судбината на Атлантида. А денес современите научници сметаат дека тој бран бил предизвикан од комета.

а09

Никој со сигурност не знае ни дали Атлантида воопшто постоела, но ако постоела, постојат големи изгледи таа да се наоѓала на островот Сардинија.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено